Често имаме проблеми со кожата, но на тоа не му придаваме големо значење, туку оставаме само да помине.
Некогаш би требало да се обратиме кај дерматолог, бидејќи позади проблемите на кожата можат да се кријат многу сериозни проблеми.
Ви откриваме пет причини поради кои би требало да се обратите кај дерматолог.
Ако на било кој дел од кожата имате осип, кој ве чеша и трае повеќе од седум дена, задолжително побарајте помош од дерматолог.
Црвените печати кои се појавуваат на лицето и вратот, можат да бидат поврзани со стрес, особено со алергиска реакција. Без оглед на причината, посетете дерматолог, особено ако печатите почнат да се шират.
Ако имате проблем да го најдете вистинскиот производ за нега на кожата, тогаш задолжително посетете дермаолог кој ќе ви го препише вистинскиот производ.
4. Вашата кожа е полна со акни
Ако отсекогаш имате чиста кожа, а одеднаш забележите дека имате многу акни, посетете дерматолог. Акните како пореметување во работата на лојните жлезди, не се само естетски, туку и здравствен проблем.
Необјасниво, ненадејно и изразено паѓање на косата може да биде загрижувачко. Ако не сте под стрес или не сте промениле ништо во својата рутина за нега на косата, а сепак ја губите, не чекајте да стане полошо. Ако се сомневате дека нешто не е во ред, посетете дерматолог кој ќе ве прегледа и ќе утврди во што е проблемот.