“Овие 15 промени ќе направат “добра риба” од тебе”: По првиот состанок, девојка добила список кој ќе ја побесни секоја жена

Кармин

12/03/2019

10:22

2.827

Големина на фонт

а а а

24-годишната Кимберли Лејтам Хоксфорд го запознала Лук Џејмс преку Тиндер. Тие излегле на прв состанок, а потоа ѝ стигнала листа со услови за следен состанок.

Кимберли само сакала да биде задоволна и навистина мислела дека овој пат го пронашла “оној вистинскиот”. За време на состанокот, работите се одвивале добро сѐ до моментот кога тој ја прашал што мисли за пластичните операции. 

Хоксфорд признала дека не ѝ било пријатно, но мислела дека може отворено да зборува со момчето и поразговарале на оваа тема. По вечерта, следел потполн молк од страна на Џејмс, за три месеци подоцна тој да ѝ испрати листа од 15 ставки со работи кои треба да ги промени кај себе за да излезат на втор состанок. Кимберли ја добила пораката преку Снепчет и толку била шокирана што веднаш ја објавила на социјалните мрежи.

Во пораката стоело следното:

“Здраво Кимберли, знам дека помина време од нашиот состанок, но сакам да ти објаснам зошто не ти се јавував. Мислам дека можеше да пројдеш многу подобро на состанокот и се извинувам ако нешто од следново те навреди.

- Доколку изгубиш неколку килограми, би изгледала подобро. Можеби некои 6 килограми или повеќе.

- Многу си бледа, добро би било да посетиш солариум.

- Би било пожелно да ја обоиш косата во некоја понормална боја и да вградиш екстензии бидејќи долгата коса е попривлечна.

- Твоите усни изгледаат “обесено”, размисли за филери со кои ќе ги напумпаш”, ѝ напишал тој, а потоа додал дека таа треба да изгледа поприродно и продолжил:


- На состанокот изгледаше малку укочено. Би било добро да ја пуштиш твојата личност да дојде до израз.

- Треба да имаш повеќе самодоверба бидејќи тоа е секси.

- Кога сакаш работите да се одвиваат бавно, изгледаш премногу невино и чедно. Не добив бакнеж кој го очекував. Биди малку почувствителна кога се во прашање туѓите емоции.

- Знам дека нарача салата, но Кока-Колата која ја пиеше содржи калории кои не ти требаат.

- Би можела малку да го задржиш минатото за себе бидејќи воопшто не ме интересираа толкав број на факти.

- Ти треба смисла за хумор бидејќи не се насмеа на ниту една моја шега.


- Ме натера да се чувствувам лошо што се понуди да платиш. Како помисли дека немам доволно пари откако ти кажав колку поседувам на мојата банкарска сметка?

- Не ми даде ниту еден комплимент.

Ако ги прифатиш овие совети, можеби ќе размислам за втор состанок. Ќе ти дадам еден месец и ќе те контактирам за да се уверам дека ова влијаело врз тебе. Убав ден, Кимберли”, додал тој на крајот од текстот.

Објавата на оваа девојка предизвика бес и огорченост на социјалните мрежи, а досега на истата реагирале над 18 илјади луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk