Екстремна револуција на костими за капење: Бикини од леплива лента кои малку оставаат на фантазијата

Точка

09/03/2019

12:34

13.426

Големина на фонт

а а а

Ова лето, судејќи по сѐ, ќе го одбележат екстремните модели на костими за капење, ако можат и така да се наречат.

Бикините од лепливи ленти неодамна беа претставени на модната ревија на брендот “Black Tape Project” во Мајами. Ваквите костими за капење беа претставени уште минатата година од страна на “кралот на лентите”, Џоел Алварез. 

Тој неодамна ги претстави новите стилови и дизајни на ревијата, но и по пат на социјалните мрежи. Бикините направени од различни бои на ленти беа претставени и на неодамнешната одржана Недела на модата во Њујорк.

И додека некои биле воодушевени од оваа идеја, други се прашувале колку е болен начинот на вадење на лепливите ленти од телата на макененките.




Спонзорирани линкови

Маркетинг