Само една жена помеѓу 20-те најбогати мажи на светот: Еве како најголемите богаташки ги создале своите империи

Кармин

08/03/2019

12:23

3.455

Големина на фонт

а а а

Од 2.043 најбогати луѓе на светот на листата на Форбс, 227 се жени, кои заедно поседуваат 852,8 милијарди долари.

Повеќето најбогати жени на светот ги наследиле своите пари, но некои од нив со својата работа и труд успеале да дојдат до вртоглаво богатство на своите банкарски сметки. Кога станува збор за најбогатите жени, не се во прашање само пејачките, актерките, манекенките туку и способни жени кои успеале да се изборат со потешкотиите и напорите и да создадат милијарди, а со самото тоа и да уживаат во своето богатство. 

Сепак, некои од нив се и наследнички на богатството на своите мажи или членови од семејството.

Французинката Франсоаз Бетанкур-Мејерс, наследничка на Лореал се наоѓа на 15-тото место на листата на Форбс и е единствената жена помеѓу 20-те најбогати. Нејзиното богатство е за 3,4 милијарди долари поголемо во споредба со минатата година.

Втора по богатство е Алис Валтон која е “тешка” 33,8 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди долари повеќе отколку минатата година. Таа е единствената ќерка на основачот на Волмарт, Сем Валтон, која никогаш активно не учествувала во работата, но наследила акции и дивиденди од компанијата.


Жаклин Марс има богатство вредно 27 милијарди долари, а нејзиниот дедо Франк Марс е основач на компанијата Марс, најголемиот произведувач на слатки.


На четвртото место е Марија Франка Фисоло која поседува богатство во износ од 25,2 милијарди долари, благодарение на нејзиниот последен сопруг, Микеле Фереро кој ја изградил империјата Фереро Груп.


На петтото место на листата се наоѓа Сузан Клaтен чие богатство се проценува на 20,4 милијарди долари. Најбогатата Германка заедно со својот брат води успешна фармацевтска компанија, а освен тоа сопственичка е и на половина од акциите на БМВ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk