Миленикот на жените ја открил тајната на успешниот брак: “Најважно е секогаш да бидеш присутен”

Кармин

07/03/2019

10:42

3.824

Големина на фонт

а а а

Популарниот италијански пејач Ерос Рамацоти веќе една деценија е во брак со прекрасната Мариса Пелегрини.

Мариса не е само личност која го следи во чекор и се грижи за нивните деца, туку нејзиното мислење и визија имаат важно влијание и врз работата на Ерос. Тој сака да го слуша нејзиното мислење за песните на кои пејачот работи и “често останува позитивно изненаден од нејзините сериозни и прецизни коментари”, а Мариса е одговорна и за изгледот на неговата актуелна турнеја. 


Тие двајца се во врска од 2009 година, а се венчале 5 години подоцна и во меѓувреме ги добиле своите две деца. Харизматичниот италијански музичар е 24 години постар од својата сопруга, но тоа не претставува никаква препрека во нивниот однос.

Италијанскиот пејач дури и истакнува во секоја прилика колку е среќен со неа и додава дека луѓето треба да се борат за да имаат долги и квалитетни врски. Ерос разбира дека среќниот и сериозен брак може да биде предизвик, со оглед на тоа што поминува голем дел од времето на турнеи, гостувања и работа на својата музика.


Тој во една прилика го истакнал следново:

“Две личности треба меѓусебно да се сакаат и чуваат кога имаат деца и мора секогаш да разговараат на конструктивен начин. Најважно е да бидеш секогаш присутен и никогаш ништо да не криеш”, вели славниот Италијанец.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk