Му била поддршка докрај: "Тоа е мојот Лук и мој Дилан"

Кармин

05/03/2019

21:33

8.838

Големина на фонт

а а а

Глумецот Лук Пери, познат по улогата на Дилан во серијата "Беверли Хилс 90210" почина синоќа како последица од мозочниот удар кој му се случи пред неколку дена.

Неговата колешка од серијата и пријателка, Шенон Доерти била премногу вознемирена кога дознала дека нејзиниот пријател бил итно пренесен во болница после мозочниот удар. 

Со оглед на тоа дека и самата имала потешкотии со здравјето, Шенон се сочувствувала со Лук. Таа објави нивна заедничка фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм под која напишала:

"Пријателу мој, те гушкам силно и ти ја испраќам целата сила. Ќе го пребродиш тоа", му порача Шенон 3 дена пред неговата смрт.

Тогаш за Entertainement Tonight рекла дека не може јавно да зборува за тоа, бидејќи веднаш ќе се расплаче.


"Го сакам и тој тоа го знае. Тоа е мојот Лук и мој Дилан", рекла Шенон која неодамна го победи ракот на дојка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk