Нашата талентирана и омилена „Јелена од Драчево“ ни кажа нешто повеќе за своите планови и ангажмани на професинално поле, а ни дозволи малку да ѕирнеме и во нејзината приватност, како и во нејзиниот ормар. Искрено со Јелена Јованов Периќ.
Пронаоѓање на точен хумор, имплементирање во точни ситуации, негово дозирање, развивање, разбирање и транспортирање. Уиграна екипа која ужива во она што го работи. Публика која прифаќа да се насмее на сопствената мака во која сме сите заедно што влева надеж дека може и ќе не биде. Не верував за себе дека можам да пливам во жанрот комедија и ненормално многу ме радува фактот дека таму пронајдов дел од себе си. „Јелена од Драчево“ стана своевидна институција и мило ми е што е еден од омилените ликови. Да насмееш некого од срце е најтешко, но колку исполнува таквото чувство во овие денови на сивило - тешко да опишам.
Мојата појава во „Врба” е кратка и многу слатка. Барем за мене. Среќна сум што сум дел од таа приказна. Лесно, филигрански, полно со вистина и живот, смирено и со уживање. Така би го опишала сетот на Манчевски. Повеќе од ова ни не можам, ниту сакам да споделам. Ќе ви го оддолжам задоволството за да уживате повеќе во филмот кога ќе излезе.
Не сум автор на таквата. Го оставам животот, околностите и времето сами да ја пишуваат. На мене е да сум жива, здрава, спремна за се што ќе наиде.
Не можам да ги селектирам по мерна единица на милост, драгост, љубов. Подеднакво ја сакам секоја. Можеби можам да ја издвојам онаа од која започна се. Тоа е улогата на Бисера во „Демонот од Дебар Маало” од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски. Се радувам на секој процес, посебно кога треба да влезам во чевли тотално не налик на моите. Го сакам, барам и уживам во моментот на оној личен ментален стреч кој секоја улога го носи, во гледањето на светот со други очи. Во разбирањето и соочувањето со проблемот поинаку од она што јас го знам како свое. Во бранењето на вистината, во давењето глас на безгласните, во јакнење на емпатијата. Понекогаш ќе се запрашам дали имам право на сето тоа, а публиката е таа која барем до сега го оправдувала тој мој повик. Им благодарам на секоја укажана поддршка.
Сѐ има свој данок па така и номадскиот живот. Лажните пријателства благодарение на дистанцата сами се исчистија, а вистинските останаа вистински, барем во мојот случај. Не секогаш поради обврските го добивам посакуваното време со нив кога сум во Македонија, но го давам својот максимум во личната организација да успевам во тоа. Во Загреб исто така имам свој круг на пријатели и немам чувство дека сум сама. Она што ништо не може да го замени се моите родители и фамилијата на брат ми кои неизмерно ми недостигаат. Но, колку и некогаш да е тешко сакам да верувам дека секој од нас со причина е таму каде што е. Така ми е полесно.
Не гледам значајна дискрапанца помеѓу модата во Загреб и онаа во Скопје. Она што јас уште повеќе го прегрнав овде е опуштеноста и слободата во изборот на истата. Денот, приликата, расположението се оние што најмногу диктираат како ќе излезам од дома.
Веројатно тоа подобро и поточно би го издефинирал некој друг. Она што јас можам да го ставам во опис е спонтан, опуштен и во склад со приликите или пак неприликите. Знам некогаш да се „намонтирам” (што би рекле Загрепчани) кога не се чувствувам најдобро. Тогаш аутфитот станува и мала ментална терапија. Ормарот ми е поприлично досаден со црни, бели и сиви парчиња на облека. Бојата ја сакам, но најчесто кај некој друг. Љубител сум на остри, строги и чисти кроеви. Без парфем се чувствувам некомлетно. Со глава на раменици и свесна за она што е, секоја жена знае што најдобро и прилега и лесно доаѓа до она што треба да го поседува како облека.
Самодоверба, храброст, сила. Пакет кој го добивам кога трезвено ќе се соочам и го прифатам сѐ она низ што поминувам (добро и лошо) и поодлучно продолжувам напред. Самотија е веројатно најздружена со мојот страв. Се трудам да го трансформирам. Некогаш успешно, некогаш не.
Два долгометражни филма и две серии се она на што миговно работам во процес на пред продукција. За што точно станува збор се уште немам зелено светло за споделување. Кога тоа ќе се случи, со задоволоство би седнале на нов возбудлив муабет.
Модел: Јелена Јованов Периќ
Облека: Марела
Фотографија и стајлинг: Јована Зука
Коса: Даниел Артевски ( Beauty Hub 202 )
Шминка: Васе Доковски ( Beauty Hub 202)
Локација: Музеј за електрична енергија на ЕВН - Изложбен Центар Матка