Момче се давело во река, а полицијата го извлекла на генијален начин

Точка

22/02/2019

21:22

5.599

Големина на фонт

а а а

Брзата реакција на полициските службеници во кинескиот град Ксинџијанг, спасила момче кое паднало во река.

11-годишното момче си играло на брегот на реката и паднало во неа, а снимката покажува како брзо го носеле речните струи, сè додека група полицајци не направиле човечки ланец, со кој успеале да го извлечат од реката.

Еден од полицајците кои учествувале во спасувањето, за кинеските медиуми открил дека момчето се давело. Струјата го однела дури два километри низ водата, од местото каде што паднало, а полицајците успеале со автомобил да го престигнат и да го дочекаат, пренесува Дејли Меил.

Откако го извлекле од реката, го однеле во болница, а се покажало дека не претрпел никакви физички повреди. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг