Руската мафија ги тероризира луѓето и на гробишта: Оваа жена не сакала да го трпи тоа, па отворениот ковчег на сопругот го оставила пред парламентот

Точка

22/02/2019

21:11

4.457

Големина на фонт

а а а

Русинката Валерија Малајева во Самара сакала да го погреба сопругот, меѓутоа, на гробиштата ја пресретнала руската мафија која барала од неа голема сума пари за да го дозволи погребот.

Вдовицата после тоа протестирала со отворен мртовечки сандак пред локалната зграда на парламентот. 

Снимката ја објавил локалниот пратеник Азат Туимасов, кој ги повикал властите да делуваат.

Рекол дека одел со вдовицата да го погребаат нејзиниот сопруг на гробиштата во близина, но дека во тоа ги спречиле 30 мажи.

Барале од вдовицата да им плати околу 670 евра.

"Но јас сум самохрана мајка. Откаде јас толку пари?", рекла Русинката.

Руските медиуми известуваат дека нејзиниот покоен сопруг подоцна бил преселен во мртовечница и дека на неа и било понудено гробно место во село во близина.

"Откако вработените во општината ни покажаа каде се наоѓа гробното место, се појавија 30 гангстери", рекол Туимасов.

"Не окружија и не спречија да копаме. Застанаа на нашите алати и не можевме да го ископаме гробот", додал тој.

Медиумите пренеле приказна за уште еден таков случај, овој пат од гробиштата во градот Ижевск. Полицијата тогаш го уапсила управникот на гробиштата, осомничен за земање на митл заедно со главниот градски директор на гробиштата и двајца други службеници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг