Холивудската актерка се здебели 20 килограми после бременоста. Ева Лонгорија пред седум месеци го роди синот Сантјаго.
Таа не беше една од оние познати дами кои веднаш облекуваат фармерки после бременоста, а со тоа се фалеше и на социјалните мрежи.
Токму спротивно од тоа, Ева била свесна за сите негативни коментари за нејзината тежина, но не им обрнувала внимание, тврдејќи дека сака да му пружи одмор на телото кој го заслужува, а килограмите ќе ги снема со текот на времето.
Пред два месеци почнала интензивно да вежба, а резултатите се веќе видливи.
„Му дадов време на телото да се прилагоди, сепак родив дете. Создадов човечко суштество, па навистина не се форсирав што поскоро да ја вратам линијата“, изјавила актерката за US Weekly, кон крајот на минатата година.
Ева на својот Инстаграм профил објавила фотографија во летно фустанче на кое се гледа колку напорно вежбала изминатите недели. Па таа буквално се „преполовила“.