Мртва девојка пронајдена во Волково

Макфакс

22/02/2019

10:52

10.618

Големина на фонт

а а а

Утрово неколку минути пред 10 часот во полиција било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково, информираат од МВР.

„На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош“, додаваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пратено на обдукција.

Изминатиов период исчезнаа повеќе лица, а дел од нив беа пронајдени мртви. Јавноста во Македонија деновиве остро реагираше на овој загрижувачки тренд, а особено критика упатува до Министерството за внатрешни работи поради нерасветлување на случаите. Граѓаните не се чувствуваат безбедни, а ситуацијата веќе станува алармантна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг