Откако ја обвини Ариана дека својата музика ја продава со голотија, таа и нејзината мајка на познатиот новинар Пирс Морган му „одржале лекција“ и освен Ариана, ги одбраниле и другите познати пејачки кои Морган ги нападнал.
Сепак, изгледа дека Ариана и Морган одлучиле да ја закопаат „воената секира“, а тоа го потврдила и нивната фотографија на Инстаграм, под која објасниле како дошло до вакви блиски, пријателски фотографии.
„После нашата мала расправија на Твитер пред неколку месеци, наидовме еден на друг вчеравечер во ресторан во Лос Анџелес. Ариана ми се придружи за „малку“ да поразговараме и ете, после два часа уште разговаравме. Се смеевме, таа плачеше, јас речиси ќе заплачев, постојано нарачувавме пијачки и се зближивме. Изгледа дека навистина си се допаѓаме еден на друг. Чудно.“, напишал Морган.
Обожавателите на Ариана не можеле да го сокријат чудењето, па на Твитер ја прашале како може да биде толку добра кон сите, на што таа одговорила: „Па.. Наидовме еден на друг во ресторан и одлучив да седнам до него и малку да поразговараме. Изгледа дека постигнавме вистински напредок! Веројатно разговорот во четири очи е понежен и подобродушен, дури и кога навистина не се согласувате.“
wait what
— sam (@prfctmoon) February 20, 2019
Инаку, Морган е познат по своите шовинистички испади, па во еден од одговорите, Ариана го навела и тоа и напишала дека “стиска палци“ за овој провокативен новинар да прејде на страната на феминизмот.
Thank u for a great night @ArianaGrande x
— Piers Morgan (@piersmorgan) February 20, 2019