Пејачката Никол Шерцингер се најде на удар на критики, кога од нејзиниот мобилен телефон украдоа приватни снимки, а притоа ги објавија на Интернет.
Снимките настанале во период кога била во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Една од нив трае две и пол минути, а во неа се гледа како пар лежи во кревет и страствено си разменува нежности. Очигледно е дека снимката не била за во јавност.
Во овој момент, на порталите на кои се објавуваат содржини за возрасни, видео-снимката е прегледана повеќе од 300.000 пати, а поп ѕвездата наводно е очајна.
"На Никол ѝ е скршено срцето, поради тоа што ова видео се најде на Интернет. Не требаше никој да го види", вели извор за магазинот The Sun.
40 годишната пејачка е само една од низата на ѕвезди на кои им биле хакирани профилите на iCloud. Пред пет години настана голем скандал кога на Интернет се најдоа стотина фотографии од голи глумици и пејачки помеѓу кои Џенифер Лоренс, Кејт Аптон, Ванеса Хаџинс, Габриел Јунион и Хајден Пенетиер.
Никол и Луис беа во врска речиси осум години, а раскинаа во 2015 година. Тоа наводно се случило поради тоа што него кариерата му била поважна од Никол.