Мајли Сајрус го одбележа Денот на вљубените со досега необјавени фотографии од венчавката

Кармин

15/02/2019

14:07

3.213

Големина на фонт

а а а

Мајли Сајрус пред крајот на минатата година конечно го кажа судбоносното „да“ со своето долгогодишно момче, Лиам Хемсворт.

Пејачката и актерот се венчале во приватноста на сопствениот дом во Нешвил, во кругот на семејството и најблиските пријатели, а Лиам неодамна во едно интервју открил и дека Мајли одлучила да го преземе неговото презиме.

Досега имавме прилика да видиме само неколку фотографии од нивата изненадувачка скромна церемонија, но пејачката по повод Денот на вљубените одлучила на Инстаграм да го сподели целиот нивен албум од венчавката.

View this post on Instagram

L❤️VE YOU Valentine @liamhemsworth

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) on

Добро, можеби претеравме, но секако одеднаш објави фотографии кои досега ги немавме видено и ни даде подобар поглед на својата елегантна свилена венчаница со потпис на дизајнерката Вивиен Вествуд.

„Мене секој ден ми е Валентајн“, напишала Мајли под една од фотографиите на која позира прегрната со Лиам и истакнала дека ужива во брачните води.

Пејачката под друга фотографија му се заблагодарила на актерот и што се „наведнува за да ја прегрне“ и му ветила дека до крајот на животот поради истата причина ќе се подигнува на прсти. Колку романтично!

View this post on Instagram

My Valentine every single day ❤️ @liamhemsworth

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus) on

А иако Лиам не ѝ го честитал Денот на вљубените на Инстаграм, во неколку прилики со љубов зборувал за неа и брачниот живот, па овој пропуст му е простен. Сепак пред помалку од една недела бил хоспитализиран. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk