Меланија Трамп се дружеше со децата болни од леукемија за Денот на вљубените

Кармин

15/02/2019

11:46

1.909

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД, Меланија Трамп одлучи Денот на вљубените да го помине со децата кои се пациенти со тешки болести, а живеат во домот за деца Children's In. Таа им помагаше на децата во креативната работилница која заврши со изложба.

Децата ги пишуваа своите најомилени работи на листови во облик на срце, а притоа со првата дама ги залепиле на ѕидот. Додека децата ги наведуваа своите омилени јадења, играчки или животни, Меланија се одлучила за омилен град. 



"Мојот најдраг град е Вашингтон", напишала таа и го поставила своето срце заедно со останатите.


Меланија им помагаше да направат кутии кои ги наполниле со слатки. 13 годишниот Амани од Кенија ѝ покажа како да претвори дрвена штипка во нов предмет со помош на бои. Амани боледува од леукемија, а Меланија му рекла дека ќе се моли за него додека тој ѝ подарил букет цвеќиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk