Дали оваа мајка на близнаци би можела навистина да ги повреди останатите родители на овој начин?

Кармин

15/02/2019

11:05

2.479

Големина на фонт

а а а

Џенифер Манкусо е мајка на 4 деца која поради доење на близнаци во градинка доживеала вистинска непријатност.

Џенифер на социјалните мрежи објави дека од неа било побарано да се тргне во малата соба за вработените за да ги дои близнаците додека со нив била во градинка. 

Образложението било дека на тој начин би можела да ги навреди религиските верувања на останатите родители, но и дека тоа би можело да ги збуни децата од градинката.

"Со оглед на тоа дека ги доев и претходните две деца, ваква работа не ме вознемирила. Јас сум многу самоуверена кога станува збор за доење и тоа го правам во јавност без срам. Тоа е нешто природно и не ме интересира ако некој гледа во моите гради. Моето најстаро дете цицаше до 20 месеци, а средното дете до 12. Сега 18 месечните близнаци ги дојам два до три пати дневно, а доколку посакаат и почесто го правам тоа. Многу е тешко да се дои дискретно особено кога станува збор за близнаци. Кога беа мали морав да ги држам на себе и да ги дојам двете истовремено. Поради обврските кои ги имам со постарите деца морав да се прилагодам близнаците да ги дојам било каде", рекла таа.

После неколку недели од овој инцидент, Џенифер добила извинување од градинката со образложение дека се свесни колку ова може да биде негативно за една мајка која ги дои своите деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk