После 20 години повторно на писта: Ова не е дело на пластични хирурзи, манекенката изгледа навистина добро

Кармин

15/02/2019

10:54

2.166

Големина на фонт

а а а

Некогашниот супермодел Кристи Тарлингтон (50) прошета по модната писта на ревијата на Мајк Џејкобс после 20 години откако се збогува од манекенството.

Во дамнешната 1993 година Кристи за последен пат се појави на ревијата на Мајк Џејкобс, а сега се врати и ги изненади присутните на Модната недела во Њујорк. 

Кристи започнала кариера кога имала само 14 години и била на врвот заедно со манекенките Наоми Кемпбел и Линда Еванѓелиста.


Кога имала само 25 години Кристи ги напушти модните писти и објаснила дека ѝ полесно да го направи тоа кога таа ќе посака отколку некој друг да ѝ ја прекине кариерата.

Инаку, Кристи тврди дека никогаш не отишла на пластичен хирург и поради тоа изгледа одлично.


"Не тоа никогаш не би го направила. Сметам дека на лицето треба да се види целиот наш живот", рекла еднаш Кристи и додала дека не ги разбира жените кои по секоја цена сакаат да изгледаат помладо, а потоа оставаат впечаток на неприродна пластика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk