Ким повеќе не може да ја сокрие: Псоријазата ѝ се проширила и на лицето

Кармин

12/02/2019

22:50

9.805

Големина на фонт

а а а

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест веќе со години се бори со псоријазата. На почетокот успевала да ја прикрие со шминка и имала само по нозете и рацете, но сега ѝ се проширила и на лицето и повеќе не успева вешто да ја сокрие.

Пред неколку недели на својот Твитер профил побарала совет од обожавателите како да се бори против псоријазата која само ѝ се влошува.


38-годишната Ким се пошегувала на своја сметка, па објавила фотографија со кафени флеки на лицето како и фотографија од своите нозе, покрај која напишала „секси“.


„Не се грижете, се работи за растителна маст“, напишала Ким, која досега пробала различни креми за отстранување на оваа кожна болест.

Ким дури покажала и како изгледаат флеките од псоријазата која ја има по нозете и додала дека и специјалните лампи и помагаат во лечење на оваа болест. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk