Иако не се појавил на нејзината роденденска забава (за разлика од Бред Пит), Џастин Теру на својот Инстаграм ѝ го честиташе 50-от роденден на Џенифер Анистон.
Актерот за својата поранешна сопруга имал само пофални зборови и со коментарот под нејзината фотографија потврдил дека и после разводот тие останале пријатели.
„Среќен роденден за оваа бестрашна жена. Бестрашно верна. Бестрашно убава... и бестрашно духовита. Те сакам Б“, напишал Теру под црно-белата фотографија на Анистон и ги разнежнил фановите на оваа социјална мрежа.
px; padding:0; width:99.375%; width:-webkit-calc(100% - 2px); width:calc(100% - 2px);">
Да потсетиме, Џастин и Џенифер се венчаа во тајност, во август, 2015-та година, а во 2018-та објавија развод, само еден ден после Денот на вљубените. Парот во официјална изјава за медиумите нагласи дека одлуката за развод ја донеле заедно пред крајот на 2017-та година и дека се разделуваат во пријателски однос, пренесува Harper's Bazaar.