Пејачката Пинк конечно доби своја ѕвезда на улицата на славните во Холивуд.
После две децении на светската музичка сцена, една од најценетите поп/рок пејачки е наградена со ова престижно признание.
На свечената церемонија пејачката се појавила со семејството, а за време на обраќањето на присутните фанови и медиуми, Пинк му се заблагодарила на својот сопруг со зборовите: „Благодарение на тебе, денес сум тука каде што сум, те сакам иако секојдневно ме нервираш“, рекла таа.
За време на обраќањето, Пинк ги споменала и своите ќерки.
„Вие сте моите две ѕвезди без кои не би знаела да блескам“, истакнала пејачката.