Адријана Лима ја прекинала врската со турскиот писател по една и пол година

Кармин

22/01/2019

10:24

2.866

Големина на фонт

а а а

Славната манекенка Адријана Лима е повторно сингл. По една и пол година врска, таа и турскиот писател Метин Хара одлучиле да ја прекинат врската, како што пренесува таблоидот “People”.

Лима и Хара се запознале во јули 2017 година, а Метин ја одбележал нивната средба на својот Инстаграм профил со опис: “Среќен сум што запознав волку скромна душа. Планираме инспиративни проекти, останете диви, останете слободни”. 

Само еден месец по запознавањето, тие започнале да се забавуваат и биле фотографирани како се бакнуваат на јахта во Турција, а оттогаш изгледало како нивната врска да “цвета”. Адријана го запознала Метин со своите деца кои ги доби во бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ, а парот честопати објавуваше романтични фотографии на социјалните мрежи. Последната фотографија која ја објави Хара на социјалните мрежи беше во октомври минатата година, што веќе укажуваше на тоа дека нивната врска можеби и не е повеќе одлична.

Освен што прекинала со турскиот писател, во ноември минатата година Лима ја напушти и модната куќа “Victoria’s Secret” по 19 обработени ревии, што засега ја прави “најдолговечниот ангел”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk