Овие три хороскопски знаци најтешко ја преболуваат поранешната љубов

Кармин

21/01/2019

19:25

3.406

Големина на фонт

а а а

Прекинувањето на врската секогаш тешко ѝ паѓа барем на едната страна, а тоа често може да биде поврзано и со хороскопот.

Додека за некои тоа значи нов почеток, постојат хороскопски знаци на кои им е многу тешко да заборават на минатото, па потешко ја поднесуваат разделбата од другите. Откријте на кои знаци од зодијакот им е најтешко да ја преболат поранешната љубов.


Рак

Луѓето родени во овој знак особено тешко ги поднесуваат сите видови разделби, па така и оние љубовните. Кога се во врска, Раковите ѝ се целосно предадени на саканата личност и се склони на идеализирање, поради што прекинувањето обично го поднесуваат многу потешко од луѓето кои се родени во другите знаци на зодијакот.

Лав

Лавовите своето срце не го поклонуваат баш лесно, но за личноста која сепак ќе успее да го освои - подготвени се да направат буквално сè. Затоа, после прекинувањето со личноста за која мислеле дека ќе го поминат остатокот од животот и стравот дека повторно ќе бидат повредени, многу потешко стапуваат во нова врска.


Стрелец

Иако Стрелците по природа се заљубливи луѓе, тие тешко стапуваат во сериозна врска. Но, еднаш кога во целост ќе му се препуштат некому, и тој ќе ги остави со скршено срце, стануваат повнимателни со луѓето и сите потенцијални партнери ги споредуваат со поранешните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk