Зошто ви се појавуваат акни и во подоцнежните години?

Кармин

21/01/2019

17:17

2.698

Големина на фонт

а а а

Акните не се проблем само во тинејџерските години, бидејќи голем број на луѓе се соочуваат со нив и подоцна во животот.

Дури и ако не сте имале проблем со нив за време на пубертетот, акните може да се појават и во 20-те, 30-те, па дури и 40-те години.

Зошто е тоа така?

Њујоршкиот дерматолог, д-р Џош Зеинчер за магазинот Гламур ги навел главните причини за нивна појава во подоцнежните години.


„Главни причинители за појава на акните се мрсна кожа, бактерии, мртви клетки кои ги затвораат порите и воспаленија. Промените во хормоните, стресот и исхраната исто така имаат голема улога“, навел дерматологот, а потоа ја објаснил разликата помеѓу тинејџерските и акните во подоцнежните години. „Кога сте во пубертет, промените во хормоните се нормална појава и се една од главните причини за проблем со акните, додека во подоцнежните години, стресот може да предизвика пореметување на хормоните, а со самото тоа се појавуваат акни“.


Затоа, тоа што треба да го направите за да се ослободите од акните после пубертетот е да избегнувате стрес, што во денешно време е навистина тешко, но секако е исплатливо да пробате некои од популарните методи за негово решавање како што се медитација, вежбање, плетење и други хобија за опуштање.

Исто така, водете поголема грижа за својата кожа - темелно чистете ја, секојдневно навлажнувајте ја и барем еднаш неделно правете пилинг со кој ќе ги остраните мртвите клетки и ќе избегнете запушување на порите. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk