Иако последните месеци сè повеќе жени рекле дека нема да ги депилираат пазувите и на тоа некако се прилагодивме, сега следува уште побизарен тренд помеѓу припадничките на поубавиот пол. Имено, овие дена социјалните мрежи ги преплавија фотографии на кои жените ги исфарбале влакната во боите на виножитото.
Овој тренд стана познат поради Мајли Сајрус и Џемима Кирк кои први ги прошетале обоените пазуви. Мајли Сајрус избрала розова боја и за оваа фотографија на Инстаграм добила повеќе од 396.000 лајкови, пренесува Elite Daily.
Да се исфарбаат влакната под пазувите во разни бои прилично е храбар избор, а на Јутјуб можете да најдете и упатство како во домашни услови да ги исфарбате влакната под пазувите. Многумина отишле чекор подалеку па според бојата на влакната под пазувите ја исфарбале нивната коса во иста боја, а мажите нивната брада.
Некои салони започнале да нудат услуги за избелување на влакната под пазувите и нивно боење. Услугата на фарбање чини околу 35 долари.
"Некои клиенти само сакале да имаат влакна под пазувите за да не ги депилираат секој ден додека други пак сакаат да си играат и да ги фарбаат со впечатливи бои", рекла една сопственичка на фризерско студио.