Ретко пореметување: Едно утро повеќе не можела да слушне машки глас

Точка

17/01/2019

17:06

2.030

Големина на фонт

а а а

Кинезинката Чен станала една од ретките луѓе кои го развиле ова необично пореметување, а според податоците, само 3.000 луѓе во САД и во Канада вкупно боледуваат од ова делумно губење на слухот.

Ако сте жена, сигурно барем еднаш додека некој маж држел монолог сте помислиле дека многу би сакале во моментот да имате некое далечинско на кое можете само да притиснете „mute“, за звукот на престане. Таа желба неодамна ѝ се остварила на една млада Кинезинка, но не онака како што замислувала. Таа заболела од ретко пореметување на слухот, кое се манифестира така што пациентот одеднаш не може да ги слуша звуците со ниска фреквенција, меѓу кои е и машкиот глас.


Кинезинката Чен едно утро сфатила дека гледа дека нејзиното момче зборува, но дека воопшто не го слуша. Со оглед на тоа дека претходната вечер повраќала и ѝ пречело „ѕвонењето во ушите“, веднаш се упатила во локалната болница „Qiangu Hospital“.

Таму оториноларингологот (специјалист за уво, нос и грло), д-р Лин Шаочинг ѝ дијагностицирал т.н. „Reverse-Slope Hearing Loss“ (RHSL), редок облик на пореметување на слухот, во кое пациентот не слуша звуци од ниска фреквенција, пренесува „Health“.

Така Чен, од југоисточна Кина станала една од навистина ретките луѓе кои го развиле ова необично пореметување - според податоците со кои располага аудио визуелниот центар во Тенеси „Thigpen Hearing“, вкупно 3.000 во САД и во Канада боледуваат од истите симптоми, а на 12.000 случаеви каде луѓето го губат слухот, има по еден случај со RHSL.


Луѓето со ова ретко пореметување речиси никогаш немаат проблеми со високи фреквенции, односно жените и децата ги слушаат нормално, а се измачуваат со ниските фреквенции - не слушаат машки гласови, разни возила, грмотевици или глас преку телефон. Докторката која прва ја примила Чен рекла дека нејзиниот глас пациентката го слушала нормално, но дека не може да распознае што зборува машки пациент, кој тогаш бил со неа во болница.

Сè уште не е целосно јасно што сè може да биде причина за вакво парцијално губење на слухот, а лекарите мислат дека тоа може да биде предизвикано од некои генетски промени и неколку различни болести и инфекции, а дека причината за пореметување може да биде и нагла промена на притисокот во внатрешноста на увото.

Во случајот на младата Кинезинка, д-р Шаочинг смета дека дека причините за делумното пореметување на слухот биле стрес и сериозно и долготрајно пореметување на спиењето. Според последните информации, Чен после неколку лекарски третмани потполно ќе закрепне. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг