Била олимписка надеж, а потоа започнале да се “редат” повредите: Настапот на оваа гимнастичарка го остави целиот свет без здив

Точка

17/01/2019

16:49

2.332

Големина на фонт

а а а

Младата американска гимнастичарка Кејтлин Охаши повторно е главна тема ширум светот.

Нејзината неодамнешна точка брзо станала вирална на интернет, а откако ќе го погледнете спектакуларниот настап, ќе ви стане јасно и зошто е тоа така. Охаши ја дигнала целата публика на нозе, а нејзе ѝ се воодушевуваат и бројните корисници на социјалните мрежи. 

21-годишната гимнастичарка била олимписка надеж, но по низата повреди, таа морала да се откаже од натпреварувањата на врвно ниво. Тогаш се запишала на факултет, а тој период за неа бил исклучително тежок.

“Никој во целост не можеше да разбере низ што проаѓам. Ми велеа дека треба да се срамам бидејќи сум се здебелила, ме споредуваа со птица која не може да лета”, открила таа минатата година.

Благодарение на тренерката Валори Кондос и колегите од калифорнискиот универзитет “UCLA”, Кејтлин повторно се заљубила во гимнастиката и започнала да вежба. Таа постигнала импресивни резултати, речиси најдобри во кариерата, и со тоа му помогнала на својот тим да се избори за настапи во бројни првенства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг