Фолксваген продолжува да гази: Рекордна продажба на автомобили!

Точка

17/01/2019

16:56

2.737

Големина на фонт

а а а

Минатата година Фолксваген продале рекордни 10,83 милиони автомобили, односно забележан е раст од 0,9% во однос на претходната 2017-та година.

Најголемите конкуренти на германскиот гигант – јапонски Тојота и Рено-Нисан-Мицубиши групацијата се уште немаат објавено целосни податоци за нивната продажба во 2018-та година.

Како што е познато, француско-јапонскиот сојуз во 2017-та година продаде 10,6 милиони автомобили, а во првата половина од минатата година била забележана продажба од одлични 5,54 милиони автомобили.


Од друга страна, од Тојота објавија проценка за вкупната продажба ширум светот од 10,55 милиони автомобили минатата година, но Јапонците се уште ги немаат потврдено тие бројки.

Исто така, вреди да се спомене дека кога станува збор за премиум сегментот, Мерцедес води пред БМВ.

Фолксваген минатата година испорачале 6,24 милиони автомобили, додека луксузните брендови кои што се под капа на Фолксваген – Ауди и Порше продале 1,81 милион, односно 256 илјади автомобили.


Ауди така стана третиот најпродаван бренд кога станува збор за премиум сегментот, веднаш зад ривалот БМВ. Баварците минатата година испорачале 2,12 милиони луксузни автомобили, односно за 1,8% повеќе во однос на 2017-та година.

На првото место во премиум сегментот се наоѓа Мерцедес со вкупно продадени 2,31 милион автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг