Победил четворица врвни играчи на покер, а сега ѝ “припаѓа” на американската војска: Може ли овој покерски бот да прерасне во воен стратег?

Точка

17/01/2019

16:23

2.328

Големина на фонт

а а а

Натпреварувањето помеѓу компјутерите и луѓето отсекогаш било интересно бидејќи технологијата напредува од месец за месец, но и бидејќи луѓето по природа имаат натпреварувачки дух и пробуваат да бидат подобри од останатите.

Затоа не нѐ изненадува фактот што “Libratus”, робот односно бот од универзитетот Карнеги Мелон, кој е специјализиран за покер, во 2017 година победи четири врвни играчи на покер и го привлече вниманието на целата јавност. Имено, “Libratus” победил така што ги пресметал сите можни реакции на играчите и ги избрал оние кои ќе му донесат најголема добивка. Тоа е пристап кој е добар не само во покер, туку и во секојдневното донесување на одлуки. Голема предност кај вештачката интелигенција е што при донесувањето на одлуки, луѓето не секогаш размислуваат за сите можности туку се ограничуваат само на неколку. 


Особен интерес за “Libratus” покажала американската војска. По тој повод, професорот Туомас Сендхолм кој е еден од главните во проектот “Libratus”, во 2018 година покренал старт-ап наречен “Strategy Robot” чија главна задача била да го прилагоди ботот кон воените потреби. Во меѓувреме бил потпишан двегодишен договор со американската војска во вредност од 10 милиони долари, со кој ќе се развива технологија која ќе може да се користи во симулации, истражување на воени стратегии и планирања.

Со оглед на тоа како функционира овој бот, американската војска би можела да добие некои сугестии или сценарија на кои луѓето никогаш не би ни помислиле. Но, тоа не значи дека “Libratus” ќе донесува одлуки и ќе прави потези во реалниот живот бидејќи колку и да е напредна вештачката интелигенција, таа не секогаш ќе ги има сите информации и добро ќе ја проценува ситуацијата на терен која се менува од секунда во секунда.


Американската војска во последните неколку години интензивно ја истражува можноста за примена на вештачката интелигенција во воените конфликти, но и во планирање на стратегии за “војување во иднина”.

Треба да се напомене фактот дека Американците не се единствени кои “кокетираат” со вештачката интелигенција – и Кина и Русија веќе работат на системи на вештачка интелигенција кои би можеле да бидат составен дел од одбранбените сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг