Живот во Австралија: Дете на спиење за малку ќе беше убиено од питон

Точка

17/01/2019

16:27

2.832

Големина на фонт

а а а

Родители во австралиски град се разбудиле од вресоците на 14 годишниот син кој за малку ќе бил убиен од питон.

Тие истрчале во неговата соба и ја виделе три метри долгата змија која била завиткана околу раката на детето и со забите закачени во неговата дланка, објави телевизијата ABC. 

"Сакаше да му ја изеде раката", рекла мајката на детето, Ема Џексон.


Питоните не се отровни, туку ја загушуваат жртвата и притоа ја голтаат. Можат да пораснат до 8,5 метри.

"Се боревме со него, но колку повеќе се обидувавме, толку повеќе забите влегуваа сѐ подлабоко и подлабоко", додаде Џексон.

Најпосле, таа зграпчила пластичен зајак играчка и му ја ставиле во устата на питонот, додека татко му му ја повлече главата и ја ослободи раката на детето.

После десет минути, детето беше слободно.


"Децата ги учевме да не се плашат од змиите, бидејќи се насекаде околу нас, но оваа беше гладна и агресивна и не сакаше да си замине", рекла мајката.

Детето, чии повреди се санирани во болница, вели дека и покрај тоа страшно искуство не се плаши од змии.

"Само ќе бидам повеќе внимателен", рекол за ABC.



Спонзорирани линкови

Маркетинг