Дали и вие мислевте дека Камерон никогаш нема да ги заврши најавените продолженија на "Аватар". Епа, ги завршил.
Џејмс Камерон конечно го завршил снимањето на двете продолженија на својот "Аватар" од далечната 2009-та година.
Мегаломанскиот проект на Камерон за планетата Пандора подразбирал напоредно снимање на два филма, што траело цели 10 години.
"Аватар 2" доаѓа во декември 2020-та година, додека "Аватар 3" ќе го гледаме во декември 2021-та година, пренесува "Independent".
Пред две години, Камерон објавил дека вкупно ќе има пет филмови. Ова е навистина импозантен план, ако се земе во предвид фактот дека подготовката и снимањето на првиот филм траеле речиси 10 години.
Главната улога во наредните четири продолженија ја толкува Клиф Кертис, кој ќе го глуми Тоновари, предводник на племето Метјакин. Во случај да сте заборавиле што најавувал Камерон своевремено, дејствието во овие филмови е сместено во подводниот свет.
Улогите од првиот дел ќе ги репризираат Сем Вортингтон, Зои Салдана и Сигурни Вивер.