Љубовната врска помеѓу 74-годишна баба и 20-годишно момче ја шокираше јавноста: “Уживаме во нашата врска”

Точка

17/01/2019

17:22

3.805

Големина на фонт

а а а

Алмеда Ерел се одлучила да се венча со 54 години помладо момче, коe има 20 години. Тој се нарекува Гери Хардвик, а тие двајца се запознале во 2016 година на погребот на синот на Алмеда, Роберт.

Уште поизненадувачки факт е тоа што Гери пред врската со 74-годишната Алмеда бил со уште постара жена која имала 77 години. Меѓутоа, тој тврди дека таа е љубовта на неговиот живот и тоа ѝ го докажал, тетовирајќи го нејзиното име на своите гради. 

Алмеда пред него била во брак кој траел 43 години.


“Мојот брак траеше многу долго, но му недостигаше романса, прегратки, љубење и слични работи. Гери и јас постојано си делиме комплименти и постојано се бакнуваме. Ние навистина уживаме во нашата врска. Кога ќе го сретнете оној вистинскиот, тоа едноставно го знаете и не сакате да го изгубите тоа чувство”, изјавила 74-годишната жена.

Парот го имал својот прв сексуален однос во текот на првата брачна ноќ, а двајцата се опишуваат како одлични љубовници.


“Таа е остварување на моите соништа, а од физичка гледна точка, нашата врска не може да биде подобра. Јас често готвам за неа, а мислам дека тајната на нашиот успех е во постојаната комуникација, но и во комплиментите”, изјавил Гери.

Среќниот пар моментално живее со внукот на Алмеда, кој е три години постар од Гери.

Постои уште еден пар кој тврди дека е нормално да се биде во врска со многу постари или помлади личности, и дека годините не треба да бидат препрека. Станува збор за Кајл Џоунс кој има 31 година и Марџори Мекул која има 91 година. Кајл истакнал дека отсекогаш му се допаѓале постари жени и дека никогаш не би бил со некоја која има помалку од 65 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг