Путин има флота од четири идентични авиони и до последен момент не се знае во кој авион се наоѓа: Еве како изгледа „Летечката тврдина“

Точка

17/01/2019

15:13

6.754

Големина на фонт

а а а

Авионот на рускиот претседател Владимир Путин од типот „Ил-96-300ПУ“ чини над 500 милиони долари и е опремен со најнапредна технологија.

Напредната технологија и луксузните елементи овој авион го прават вистинска летечка палата, а авионот исто така игра улога на команден центар во случај на некој неочекуван напад.

Од надвор авионот на Путин изгледа како и секој нормален патнички авион, иако по димензии е нешто поголем. Сепак, во внатрешноста, претседателскиот авион на Руската Федерација е опремен како вистински луксузен хотел.

Распонот на крилата изнесува 65 метри, исто колку што е и долг, а максималната тежина која што може да ја понесе изнесува 270 тони.

Внатрешноста на авионот е декорирана во неокласичен стил, светли бои, со многу бела кожа и златни додатоци.

Инаку, рускиот претседател располага со четири идентични авиони. Од безбедносни причини, пред самото патување се бира во кој авион ќе лета рускиот претседател, а тој податок им е познат на многу мал број на луѓе.

Преостанатите три авиони исто така полетуваат и се движат на истата рута со авионот во каде што се наоѓа Владимир Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг