Тенисерката повторно на мета на критики поради облеката во која се појави на Австралија Опен

Точка

17/01/2019

12:42

2.524

Големина на фонт

а а а

Серена Вилијамс повторно на мета на критики поради нејзиниот аутфит на мундијалот во Мелбурн. Имено, многумина упатиле негативни коментари до тенисерката.

После првиот натпревар на Австралија Опен, наместо нејзината победа, поголемо внимание на социјалните мрежи привлекоа нејзиниот комбинезон и мрежестите хулахопки кои ги носела. 


Комбинацијата е посебно изработена за 37 годишната тенисерка, а предизвика лавина на бурни реакции на Твитер.


Додека едни го пофалија нејзиниот потег, други коментирале дека ја прекршува традицијата која сѐ уште влијае на она што се смета пристојно за носење на тениските терени, пренесува британскиот Дејли Меил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг