Последните неколку години биле исклучително тешки за познатата пејачка Кеша. Новата година Кеша одлучи да ја започне со нови одлуки, а тоа е да се сака себе си онаква каква што е.
31 годишната Кеша објави фотографија без грам шминка и ги покажа пегите кои ги има на лицето.
"Мојата новогодишна одлука е да се сакам себе си, каква што сум со сите несовршености", напиша Кеша под фотографијата.
"И да им дозволам на моите пеги да живеат", додаде таа.
Кеша во објавата напиша дека од своите 15 години никогаш не излегла од дома, а да не ги покриела пегите. Со години медиумите, па дури и родителите ѝ зборувале дека не е привлечна само поради нејзините пеги и портокаловата коса. "Исмејувањето со луѓето кои имаат таква коса сѐ уште трае".