Меган блесна со последниот аутфит за кој инспирација ѝ била покојната Лејди Ди

Кармин

17/01/2019

11:44

2.388

Големина на фонт

а а а

Сопругата на принцот Хари често пронаоѓа модна инспирација од покојната Лејди Ди. А, веруваме дека таа била инспирација и за последниот аутфит на Меган појавувајќи се на претставата на познатиот Cirque du Soleila во лондонската концертна сала Royal Albert Hall.

Меган Маркл за свечениот настан, на кој присуствувала со Хари, облече долга светкава тоалета на францускиот дизајнер Роланд Моурета, со висок шлиц на долниот дел кој откри дека војвотката носи црни сандали. 


Изгледот го надополни со црна клач чанта и омилената алка на Дијана, како што пренесува Харперс Базар.

Но, покрај тоа што Меган го позајми накитот од мајката на Хари, темно синиот светкав фустан нѐ потсети на фустанот кој Дијана го носеше на настанаот The Diamond Ball во 1990 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk