“AirBnb” нуди пари за да се преселите во ова прекрасно италијанско село

Точка

16/01/2019

21:28

6.820

Големина на фонт

а а а

Ако вашата работа од соништата е да отпатувате на едно од најубавите места на светот, сега ја имате таа шанса!

Компанијата за краткотрајни наеми “AirBnb” ги здружила своите сили со италијанското село Гротоле и на неколку среќни кандидати им нуди шанса да волонтираат и потполно да се прилагодат на италијанската култура и начинот на живот. 


Четворица кандидати ќе живеат во италијанското село Гротоле, кое се наоѓа во јужна Италија на околу 220 километри од Неапол. Моментално има само 300 жители, а новите “дојденци” ќе соработуваат со организацијата “Wonder Grottole” за да внесат нова енергија во заедницата, да го научат јазикот, да готват и да им помагаат на жителите во земјоделските работи. На идиличното село му се заканува ризик од исчезнување, па оттаму и овој проект кој има намера да го оживее.

Што е потребно за да се пријавите?

- Мора да имате над 18 години.

- Мора да се преселите во Гротоле на три месеци, во период од јуни до август 2019 година

- Мора добро да го познавате англискиот јазик и да бидете отворени за учење на нов јазик. Познавањето на италијанскиот јазик е предност.

- Кандидатите мора вредно да учествуваат во животот во селото.

Ако овие критериуми се нешто што не ви претставува проблем, тогаш можете да се пријавите на следниот линк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг