Нобеловецот останал без титулата бидејќи изјавил дека белците се поинтелигентни од црнците

Точка

16/01/2019

17:51

1.783

Големина на фонт

а а а

На американскиот нобеловец Џејмс Вотсон, кој ја открил структурата на ДНК, му се одземени почесните титули откако во новиот документарен филм покажал дека сѐ уште не се откажува од расистичките ставови, објавиле “CNN”.

Вотсон, кој во педесеттите години на минатиот век заедно со Франсис Крик ја открил структурата на ДНК, изјавил во документарецот дека гените се одговорни за разликата во интелигенцијата помеѓу белците и црнците. 


Лабораторијата “Колд Спринг Харбур” кој Вотсон ја водел од 1968 до 1993 година, го нарекла коментарот на 90-годишниот поранешен шеф “срамотен”. Лабораторијата соопштила дека “недвосмислено ги отфрла невтемелените и безобѕирни лични гледишта” на овој научник и додала дека неговите изјави се “за секоја осуда и немаат врска со науката”.

Славниот молекуларен биолог додал дека, иако се надевал дека сите луѓе се еднакви, “луѓето кои вработуваат црнци откриле дека тоа не е вистина”. Вотсон претходно за британскиот весник “Сандеј тајмс” во 2007 година изјавил дека е длабоко загрижен за иднината на Африка бидејќи сите наши општествени политики се врз основа на фактот дека нивната интелигенција е како нашата, а истражувањата го покажуваат спротивното.

Лабораторијата “Колд спринг харбур” го лишела од сите административни должности поради овие изјави, но ги задржал почесните титули сè до овој момент.


И додека Вотсон се извинил за изјавите од 2007 година, во документарецот “Американските великани: Декодирање на Вотсон”, прикажан на 2-ри јануари, тој вели дека не го променил своето мислење. Ова е последната во низата расистички и ксенофобични изјави кои ја одбележаа кариерата на Вотсон.

Тој на едно предавање во 2000 година говорел за тоа дека постои врска помеѓу телесната тежина и амбициозноста на луѓето, како и врска помеѓу бојата на кожата и сексуалните вештини.

“Затоа Латиноамериканците се добри љубовници”, рекол научникот и додал дека “никогаш не чул за англиски љубовник, само за “англиски пациент”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг