Чешката манекенка Каролина Куркова после 12 години поминати во Њујорк, одлучила конечно да се скраси со сопругот и децата во новиот дом во Мајами.
Манекенката покажа како изгледа нивното секојдневие и колку уживаат во својот нов дом, споделувајќи семејна фотографија на својот Инстаграм профил.
Речиси случајно влегла во светот на модата и тоа во родната Чешка, откако му исполнила желба на еден пријател кој сакал да стане фотограф, па застанала пред неговиот објектив.
Се покажала како исклучително фотогенична и на тој начин го привлекла вниманието на јавноста, па така станала најмладата манекенка која се нашла на насловната страница на познатиот магазин „Вог“.
Иако и понатаму изгледа совршено, одлучила да се посвети на семејството и семејниот живот, поточно на двата сина и на 12 години повозрасниот сопруг. Моментално живее живот како од бајките, а тоа го покажала и на професионалните фотографии кои одлучила да ги сподели со фановите.