Полошо од тоа што се мислеше: Мразот на Антартикот се топи шест пати побрзо...

Точка

16/01/2019

16:58

3.780

Големина на фонт

а а а

Антартикот во поново време останува годишно без 252 милијарди метрички тони мраз, а тоа не е единствената лоша вест.

Антартикот останува без мраз и тој процес се повеќе се забрзува. Поради тоа, растот на нивото на морето претставува закана за бреговите ширум светот, открива најновата студија која што ја објави американската Национална академија на науките.

Студијата открива дека Антартикот се побрзо останува без мраз. Бројките се алармантни – од 1979-та до 1990-та година просечната стапка на загуба на мраз изнесувала 40 милијарди метрички тони мраз, а таа количина во последната деценија скокнала на дури 252 милијарди метрички тони мраз на годишно ниво.


Сепак, тоа не е крајот на лошите вести. Студија на глациолог од Универзитетот Калифорнија и неговите колеги од холандскиот Универзитет Утрехт, открива дека и источниот дел на Антартикот ја губи својата маса, а тоа е процес кој што започнал уште во 80-тите години од минатиот век.

Претходните студии сметаа дека тој дел од континентот е стабилен или барем дека загубите на мраз на тој дел не се големи. До неодамна, научниците исто така сметаа дека поголемите количини на наврнат снег би можеле да ја надоместат загубата на мразот, но сега веќе никој не верува во таа можност.


„Големо прашње е дали ќе продолжи забрзаниот процес на исчезнување на мразот, нешто што би можело да доведе до брз пораст на нивото на морето. Немаме одговор на тоа прашање, но знаеме дека што повеќе ја загреваме околината, така што побрзо ќе реагира и мразот“, изјави Аксиос Ричарт Алеј, професор по геонаука на универзитетот Пен Стејт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг