Хороскопот го открива твојот најголем страв - дали погодил?

Кармин

15/01/2019

16:55

6.219

Големина на фонт

а а а

Некои луѓе се плашат од страшни кловнови, други од одвратни пајаци, трети од болести, а има и такви кои се плашат од птици или кучиња - бидејќи нè има секакви.

Погледот кон ѕвездите може да ни открие од што најмногу се плашиме, бидејќи нашиот хороскопски знак открива многу повеќе од она што многумина го претпоставуваат.

Овен

Овните се многу социјални суштества, па постојано се опкружени со пријатели. Ако одеднаш дојде до расправија, се плашат од загуба. Поточно, не умеат да бидат сами.

via GIPHY

Бик

На Бикот му е потребна рутина и сигурност. Не му е лесно ако дојде до неочекувани промени и не се снаоѓа најдобро во новите ситуации. Од ништо не се плаши толку како од промени.

Близнаци

Спротивно од Бикот, Близнаците сакаат авантура и промени. Ништо не ги плаши повеќе од нормален, обичен живот.

Рак

Како воден знак, Ракот (како и Рибите) е многу сензибилен и многу му е грижа за мислењето на другите. Многу се плаши како ќе биде прифатен од другите и што ќе мислат за него. Поради тоа често делува напнато при првото запознавање.

Лав

Лавовите сакаат повеќе од просекот и никако не сакаат да ѝ се придружат на масата. Тие се родени лидери и уживаат кога се во центарот на вниманието. Ако никој не им обрнува внимание, тоа за нив е вистински хорор.

Девица

Девицата е најголем перфекционист меѓу хороскопските знаци. Сè мора да се случи така како што испланирала. Ако нешто не оди според планот, станува нервозна и не знае што да направи.

via GIPHY

Вага

Луѓето родени во знакот на Вага безволно мислат за иднината, бидејќи секогаш се плашат да не донесат погрешна одлука. За нив е речиси невозможна задача да се опуштата и да ги прифатат работите такви какви што се.

Шкорпија

На Шкорпиите не им е лесно да имаат апсолутна доверба во некого. Постојано се плашат да не бидат повредени од нивните најблиски.

Стрелец

Многу се плашат да зависат од други луѓе. Им треба сигурност и сакаат својот живот да го имаат исклучиво во свои раце. Особено им е важно големите одлуки сами да ги донесат.

Јарец

Јарецот мора секогаш да даде сè од себе. За него животот е голема конкуренција во која важна е само победата. Поради тоа се плаши дека ќе потклекне на деловен или приватен план.

via GIPHY

Водолија

Водолиите не сакаат да се чувствуваат загушено, па поради тоа често се плашат од врски. Ако сте во врска со Водолија, многу е важно да ѝ дадете доволно слободен простор - инаку многу лесно ќе побегне.

Риби

Рибите се постојано во потрага за ултимативна, искрена, и вистинска смисла на животот. Поради тоа стравуваат дека нема да ја пронајдат смислата на животот и вистински пријателства, работа или идеален брачен партнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk