Американската глумица Кејт Хадсон пред три месеци го роди третото дете. Оваа позната мајка веќе им се врати на своите професионални обврски, но и покрај тоа успева да ги извршува работите кои ги има мајка на едно тромесечно бебе.
Кејт објави фотографија на социјалните мрежи како за време на паузите на снимање го дои своето бебе и така доби многу позитивни коментари од своите следбеници, бидејќи промовира доење.
"Кога мора да работите, а бебето мора да јаде", напишала под фотографијата.
Кејт неодамна зборувала за тоа како успева да ја дои ќерката и ги исполнува деловните обврски:
"Постојано ја дојам ќерка ми и балансирам помеѓу работата и доењето што е голем проблем на сите мајки кои дојат".
Глумицата има уште двајца синови, 15 годишниот Рајдер и 7 годишниот Бинг.
Иако мислела дека повеќе нема да има деца, таа го запозна сегашниот партнер Дени Фуџикава и му роди ќерка.
"Мислам дека треба да му родам и син", одговори Кејт на прашањето дали ќе има уште деца.