Моќта на машината на Мерцедес: Погледнете како овој камион со леснотија пренесе авион!

Точка

14/01/2019

17:38

3.838

Големина на фонт

а а а

Оштетен труп на патнички авион морало итно да биде пренесен на југот на Германија, по што во целиот процес помогнала екипа од Штутгарт.

За најтешкиот дел од работата се погрижи Mercedes-Benz Actros SLT. Патувањето на трупот на патничкиот авион Airbus A320 се одвивало 11 дена и го привлекуваше вниманието на сите кои што ќе здогледаа како авион се движи на автопат.


Секако, интересот на германската јавност не зачудува со оглед на тоа за какви димензии на товар станува збор: Трупот на авионот е 60 метри долг, 5 метри широк и тежи дури 90 тони. Сепак, овој неверојатен товар не претставуваше проблем за моќната машина на Actros SLT која што развива 630 коњски сили.


Инаку, за превоз на авионот била задолжена компанијата “PAULE”, компанија специајлизирана за таков вид на транспорт. Трупот на авионот бил превземен од главниот град на Естонија – Талин откако авионот бил оштетен при слетување.


Со помош на траект камионот на Mercedes-Benz и трупот на Airbus биле пренесени преку Балтичкото море до пристаништето во Лубек, по што камионот тргнал преку Хамбург, Магдебург, Нирнберг и Штутгарт пред да стигне на конечната дестинација во северниот дел на Шварцвалд на југот на Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг