Како изгледа првиот "Cadillac" нa струја

Точка

14/01/2019

16:14

1.446

Големина на фонт

а а а

Американскиот произведувач објавил фотографии од своето прво електрично возило, а станува збор за кросовер со три реда седишта.

Од "Cadillac" на прес конференцијата одржана пред почетокот на саемот на автомобилите во Детроит најавиле целосно електричен модел, со засега непознато име. 

И додека името на моделот засега е тајна, две фотографии го откриваат надворешниот дизајн, а станува збор за кросовер/SUV возило, со агресивен изглед, во кој ќе може да се сместат три реда седишта и да се возат 6 возрасни лица.

Од "Cadillac" не ги соопштиле техничките детали како ни датумот на лансирање на својот електричен автомобил, но најавиле пазарна офанзива - во наредните две години ќе претставуваат по еден нов модел на секои 6 месеци.

Американскиот произведувач открил и дека кросоверот на струја ќе биде опремен со напредни технологии за автономно возење, кои ќе овозможат автомобилот да се движи сосема самостојно, без никаква интервенција на возачот.

Името и спецификациите на овој Кадилак ќе бидат објавени по отворањето на авто-салон во Детроит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг