Дали треба да носите вел на венчавката?

Кармин

10/01/2019

16:22

1.783

Големина на фонт

а а а

Размислувате ли за тоа својот стајлинг на вашата венчавка да го надополните со вел? Дознавме што значи велот и дали вооптшо им е потребен на невестите.

Велот е деликатен аксесоар, кој е убаво надополнување на секоја венчаница. Но, зошто ни е потребен и кој треба, а кој не треба да го носи овој моден додаток?

Велот првпат е претставен во стариот Рим. Тој ден не требало да се види лицето на невестата, од страна на другите луѓе, бидејќи тоа било лош знак. Затоа, велот целосно би ѝ го покрил лицето. Аксесоарот бил исклучиво украсен со златен конец - на крајот, а во Рим венчавката била како празник.


Во нашиот свет, велот ја загуби симболиката на заштитниот талисман и симболизира чистота и невиност.

Кој може, а кој не може да носи вел?

Постои стереотип дека само девиците или барем жените кои првпат стапуваат во брак, можат да носат вел. Нормално, тоа се предрасуди и секоја невеста денес може да го носи.


Нашите предци се поврзувале со многу верувања за велот. Колку велот е подолг, толку е „подолга“ меѓусебната љубов. Пред свадбената церемонија, само невестата и нејзината мајка може да го допрат велот. За да владее лојалност во семејството, младоженецот мора да го тргне велот од лицето на невестата...


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk