Жената која го сврте модниот свет наопаку и го создаде најпопуларниот парфем на сите времиња

Кармин

10/01/2019

15:29

3.537

Големина на фонт

а а а

Коко Шанел била француска модна дизајнерка и деловна жена која оставила неизбришлив траг во модниот свет. Родена е како Габриел Бонур Шанел во Париз.

Таа прво ја започнала кариерата како пејачка. Најпознатата песна која ја изведувала била “Qui qu’a vu Coco” од каде го добила и прекарот Коко. Ова име ја следело низ целата кариера како моден креатор. 

Починала на денешен ден, 10-ти јануари 1971 година.

Иако повеќето луѓе знаат некои основни работи за Коко Шанел и нејзиниот пат до славата, постојат многу интересни податоци кои ѝ се помалку познати на јавноста.


Таа секогаш говорела: “Запомните, девојката секогаш мора да биде – елегантна и магична!”. Нејзиното име сѐ уште е симбол на високата мода, а во еден момент таа потполно ги променила модните трендови. Парфемот на Шанел е еден од најпопуларните мириси во светот, дури и по 100 години откако настанал.

Еве неколку интересни факти за Коко Шанел:

1. Таа го популаризирала исончаниот тен. По патувањето во Кан, Коко се вратила потемнета и прекрасна, а поради нејзината огромна популарност во Париз, жените сакале да ја имитираат и да изгледаат како неа. Откако се дознало за нејзиниот тен, сончањето станало исклучително познато во Париз, иако дотогаш белиот тен се сметал за поотмен од бронзената кожа.

2. Еден од поинтересните факти за Шанел е тоа што таа го прскала парфемот “Шанел 5” насекаде низ својот дом. Таа сакала да биде опкружена со елеганција и сакала нешто постојано да ја потсетува на нејзината напорна работа.


3. Многу малку луѓе го знаат овој податок за познатата дизајнерка, но таа ја започнала својата модна кариера правејќи шешири. Правела шешири за своите пријатели, но набрзо нејзиниот бизнис процветал и таа започнала во своите колекции да додава и парчиња облека.

4. Уште еден податок за Шанел е дека таа е творец на популарниот “мал црн фустан”. Таа го лансирала фустанот во 1926 година и додека другите дизајнери ги менувале своите креации секоја година, таа постојано го прикажувала овој легендарен модел со минимални промени, токму поради неговата неверојатна популарност.

5. Логично е што својот парфем го нарекла “Шанел 5”, бидејќи пет бил нејзиниот среќен број. Не само што го нарекла така, туку и го лансирала петтиот ден од петтиот месец во 1922 година. Кога го дизајнирала шишенцето за парфемот кое го носи нејзиното име, Шанел не сакала екстравагантен дизајн каков што бил тогаш популарен. Сакала луѓето да се фокусираат на парфемот и мирисот, а не на изгледот на шишенцето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk