Први фотографии на iPhone XI: 3 камери, ист дизајн...

Точка

09/01/2019

18:11

4.129

Големина на фонт

а а а

Двајца популарни „инсајдери“ објавија рендери на кои што тврдат дека е прикажана најновата генерација на iPhone која што Apple ќе ја претстави во септември оваа година.

Според познатите IT „инсајдери“ - @Onleaks и @Universelce, новиот iPhone за 2019-та година ќе го носи називот iPhone XI, ќе има три камери на задната страна. Моделот на камерите ќе се разликува, а една од нив најверојатно ќе биде таканаречената 3D ToF камера со унапредена „длабочина на поле“ и подобри опции за AR.

Сепак, мора да се признае дека камерите изгледаат прилично невешто дизајнирани, иако „инсајдерите“ тврдат дека рендерите се напраавени врз основа на инжинерскиот примерок од новиот модел на iPhone кој што е во фаза на тестирање.


Наводно, дизајнот не е конечен и истиот би требало да биде потврден во текот на следните неколку седмици.

Новиот iPhone XI ќе пристигне во три верзии, а како што е познато, Apple најновата верзија на својот паметен телефон традиционално ја претставува во септември секоја година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг