Од градови до долини: Пет идеални дестинации за љубителите на снегот

Точка

08/01/2019

20:10

1.904

Големина на фонт

а а а

Додека многумина велат дека едвај чекаат да пројде зимскиот период и да дојдат потоплите денови, има и такви кои го обожуваат ова годишно време.

За оние кои сакаат да патуваат и вистински да ја доживеат зимската идила, ви претставуваме пет дестинации на кои снегот е секогаш загарантиран. 

Лапонија

Родното место на Дедо Мраз е одлична дестинација за целото семејство, благодарение на прекрасните пејсажи и разновидните активности како што е дружењето со елените во магичните шуми. Снегот во овој дел од Европа почнува да паѓа веќе во ноември и трае барем до мај, така што сигурно ќе уживате во него кога ќе пристигнете таму.


Москва

Доживејте ја бајковитата зима во еден од најголемите светски градови. Просечната температура во текот на зимата е -10 Целзиусови степени, па затоа не заборавајте да понесете топла гардероба со вас која и тоа како ќе ви биде потребна додека ги разгледувате сите знаменитости на Москва на ниските температури.


Исланд

Од средината на ноември па сѐ до април, снегот на Исланд е загарантиран, а пешачењето, планинарењето на глечерите и капењето во геотермалните води во некој од многуте природни базени се само дел од активностите кои ве очекуваат на Исланд. Уникатните пејсажи кои ќе ги видите на ова малку поинакво зимување се потполно незаборавни.


Гренланд

Величенствените ледени пејсажи и неверојатните бои на поларната светлина се само дел од спектаклот кој ве очекува при посетата. Доколку сакате авантура, тогаш нема да бидете разочарани од активностите на отворено кои ги нуди оваа зимска земја.


Шамони

Сместена на надморска височина помеѓу 758 и 4810 метри, долината Шамони е една од најпознатите европски дестинации за скијање, семеен одмор и романтично зимување. Спакувајте ја вашата скијачка опрема и припремете се да го откриете местото каде се одржале првите зимски Олимписки игри во 1924 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг