Наполни 50 години: Како денес изгледа една од најубавите манекенки на сите времиња?

Кармин

03/01/2019

08:56

3.500

Големина на фонт

а а а

Златната генерација на супермодели се одликува со легендарни имиња на модната сцена, толку популарни што не треба ни да се поврзуваат со нивните презимиња за да сфатите за кој станува збор.

Линда, Наоми, Синди, Кристи – овие дами го освоија светот на модата, а една од нив вчера го прослави својот 50-ти роденден. 

Станува збор за прекрасната Американка Кристи Тарлингтон која во текот на својата кариера се појавила на повеќе од 500 насловни страници.


“Најдобриот модел на сите времиња! Можете да ги искомбинирате сите модели на овој свет во една личност и таа пак нема ни да биде блиску до неа. Жал ми е, девојки. Сон ми е повторно да работам со неа пред да се пензионирам, но шансите да се оствари тоа се еднакви на добивка на лотарија”, изјавил славниот кастинг директор Џејмс Скали.

Кристи одамна се повлече од модните писти за да се посвети на школувањето и семејството, но повремено снима по некоја кампања.


“Иако реално никогаш во целост не го напуштив моделингот, во своите мисли како да го направив тоа бидејќи продолжив понатаму со својот живот. Се сеќавам дека едни познаници ме видоа со ранец на грб и коментираа: “Ах, кутра”. Кутра? Будали, јас се образувам. Конечно престанав да пушам цигари и малку се здебелив. Бев во Париз на модната недела и се сеќавам на моментот кога сфатив дека правам нешто здраво за себе и тие ме осудуваат поради тоа”, изјавила познатата манекенка во една прилика.

Убавицата во 2003 година се венчаше со актерот и режисер Едвард Брнс со кој има две деца, и се посвети на хуманитарната работа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk