Разговаравме со сопственикот на еден од најскопските ноќни клубови Сектор 909, Огнен Узуновски – Оги, чиј летен простор беспрекорно функционира години наназад. Изминативе 3 години недостасуваше зимски затворен клуб. По долга потрага по најсоодветен простор, конечно на 27 декември се отвора зимскиот Сектор 909 и тоа во срцето на Скопје – во зградата Лумикс на плоштад Македонија.
Оги продолжува и понатаму да организира културни настани од национален интерес на Македонија, како што беа повеќето концерти на врвни светски диџеи со Македонската филхармонија под палката на маестро Емин Џијан.
- Од 2015-та клубот Сектор 909 остана само со летен простор, изминативе речиси три години во игра беа повеќе нови локации. Конечно ја избравме, според мене, најсоодветната од понудените... Многу од гостите и од блиските другари постојано ни велеа дека премногу им недостасува зимски Сектор 909, според реакциите на публиката и нашето мислење беше дека зимски клуб ни е неопходен, исто така не смеевме да донесеме избрзана одлука. Мислам дека по две-три годишна пауза, сега e вистинскиот момент да настапиме повторно. Следат многу изненадувања кои му фалат на Скопје...
- На 27-ми четврток отвораме со истите артисти со кои го отворивме летниот Сектор 909, Ултериор и Брув, артисти со префинет избор на музика. Петок е резервиран за еден од помладите артисти Soul Case и еден од основачите на електронската сцена во Македонија Самоил Радински, вечерта ќе биде перфектен музички спој, а во сабота на 29-ти веќе ќе настапи првиот интернационален артист кој го имаме букирано уште од јуни годинава, Serge / Clone records сопственик на како што го најавуваат на Бојлер room еден од најдобрите лејблови во светот, пред него ќе настапам јас како OG!. Ден пред нова година ќе гостуваат одлични артисти од Битола Дејан/Декс и Berryqatt/ Бериќет... За Нова Година ќе настапат Александар Мискоски, артист кој е со нас од првите моменти на Сектор 909, Thomas Numan/ Томас Нуман од Грција артист кој своите сетови ги претставува исклучиво на винил формат и секогаш има супериорен музички избор. Вечерта ќе ја завршат Браќата Узун - Uzun Brothers т.е. јас и Сашо Узуновски...
- До 15-ти јануари на нашата веб страна sektor909.mk имаме во план да ја објавиме програмата за цела 2019-та, вклучувајќи ги артистите кои ќе настапат и во летниот Сектор 909. Следната година ќе понудиме широка палета на артисти, кои досега не настапиле во Скопје, а се едни од клучните ликови на светската електронска сцена.
- Како што кажав и погоре имаше голема понуда на простори, овој што го одбравме беше со најдобра инфраструктура и најдобра локација. Новиот Сектор 909 се наоѓа во зградата Лумикс на плоштад Македонија, исто морам да потенцирам дека веднаш штом се запознав со еден од сопствениците на просторот, знаев дека ќе се договориме кога видов дека пристигна на велосипед.
- Од секогаш наше мерило за квалитетен клуб бил простор со квалитетен звук и светло. Останатото ќе оставиме публиката да го оцени и прераскаже… Очекуваме главна декорација да биде атмосферата…
- Се започна 15 јули 2000-та кога ја организиравме првата забава на „Баланс“ со Дерик Меј како дел од проектот „Точка на топење“. Најголема инспирација ни беше францускиот документарец "Universal of Techno". Во Баланс членувавме јас, Самоил Радински, Иван Тодоровски и Др.Смилен Димитров. До 2012-та организиравме стотици проекти и артисти ја преведовме и издадовме книгата „Електрошок“ на Лорен Гарниер на македонски, направивме неколку големи фестивала како „Фонетика“ во Струга итн… Некаде измеѓу го запознав маестро Џијан Емин. После долги разговори, а инспирирани од музиката на Џеф Милс, решивме да направиме сличен проект како неговиот. Џеф Милс 2006-та прв настапи во Франција со Филхармонија. Сигурни бевме со Џијан дека нашите проекти ќе се разликуваат бидејќи самата музика е различна од артист до артист…
Во 2012-та отидов првпат во Детроит за да се договорам со Мед Мајк од Андрграунд Резистанс (UR) да правиме проект со Македонска Филхармонија, но бидејќи бев во период кога е Movement фестивалот Мајк беше презафатен да се договориме прецизно, одлучив тој проект да го чуваме за подоцна и му предложив на Дерик Меј да направиме со него концерт во Охрид на Антички театар заедно со Македонска филхармонија. Тој се согласи. На 2-ри август 2014 се случи незаборавниот концерт во Охрид за после тој да следат концерти во Гент, Ница, Париз, Детроит, Метц, Мелбурн, Белград... Со магијата на маестро Џијан Емин направивме и учествувавме во проекти со филхармонија со Дерик Меј, Хуан Аткинс, Феми Кути...
- Со проектите од овој и сличен карактер заедно со маестро Џијан Емин, верувам дека постигнавме некое посакувано ниво, но исто така сме одлучни да не застанеме, туку напротив следат нови проекти од национална важност за Република Македонија.