Како ги изучував јазиците: 10 совети од жена која зборува 16 јазици

Кармин

18/12/2018

14:32

2.448

Големина на фонт

а а а

Като Ломб, иако по професија е хемичар, била една од првите симултани преведувачи во светот. Течно преведувала од 8 јазици, иако знаела и користела 16, и покрај тоа што во нејзино време немало аудио дискови, Скајп, како ни училишта за странски јазици.

Интересно е тоа што Ломб повеќето од јазиците ги совладала сосема самостојно - од учебници или книги на јазиците кои сакала да ги научи. Учела граматика, паралелно читала оригинални текстови и ги памтела фразите кои најчесто се користат во говорот.

Като Ломб формулирала 10 едноставни, но многу ефикасни правила за изучување на јазик и ги напишала во книгата „Како ги изучував јазиците“. Ова ќе им биде интересно на сите кои учат некој странски јазик.

1. Морате секој ден да се занимавате со јазикот. Исто е како со теретаната, ако сакате да ослабнете, не може да го постигнете тоа без редовно вежбање. Секојдневно издвојувајте по 10-15 минути за читање или учење нови реченици.


2. Ако пребрзо губите интерес за изучување на јазикот, пронајдете сопствен систем. На пример, учете некое време, потоа слушајте музика или прошетајте.

3. Контекстот прави сè. Немојте да учите посебни зборови, секогаш паметете ги во некој контекст. На пример, ако сте го запаметиле изразот „strong wind“, едниот збор автоматски ќе ве потсетува на другиот.

4. Многу е корисно да пишувате однапред спремни реченици, а потоа максимално да ги користите во дијалози.

5. Преведувајте во мислите сè што гледате -реклами, песни, новинарски наслови. Не е тешко, а многу е корисно.

6. Учењето напамет е многу корисно, но мора да бидете сигурни дека учите 100% исправни реченици. Ако не сте сигурни, консултирајте се со професор.

7. Сите подготвени реченици за дијалог, пишувајте ги и паметете ги во прво лице. На пример „I am only pulling your leg“.


8. Ниту еден странски јазик не можете да го научите во изолација, слушајќи професор и пишувајќи вежби. Гледајте филмови, читајте книги и весници, дружете се со странски пријатели на интернет. Като Ломб и самата почнала да учи руски јазик од еден навистина голем речник на Гугл.

9. Не се плашете од грешки, но плашете се од непоправените грешки. Секогаш сè проверувајте.

10. Бидете сигурни дека и покрај сè ќе го научите јазикот.

Кога 86-годишната Като Ломб го сретнала својот пријател Стив, кој тогаш имал 54 години, срдечно го поздравила со зборовите: “Стив, колку си млад! Уште колку јазици можеш да научиш!“


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk